„Митко Чаков министер во заминување, а во слободно време ,,видовит” човек, за полицаецот кој дал исказ за случајот „Диво насеље“ вели дека најверојатно станува збор за забуна при давање на исказот. Односно според неговата изјава не се работело за дилема туку забуна која треба да ја расчистат одбраната и обвинителството.

Logo-FRODEM-670x474
Да ја потсетиме јавноста дека Диво насеље се случува во период кога Чавков беше директор на јавна безбедност во МВР и е еден од најдоговорните за овие случувања и за задоценатат реакција на полицијата која дозволила терористи од друга држава длабоко да навлезат на територијата на Р. Македонија. Меѓутоа Чавков уште денес мора да одговори што доколку не било забуна, ниту дилема туку објективен исказ на полицаец кој сеуште е на служба во МВР кој учествувал во акцијата за елиминација на терористите,човек на кој му проработела совеста. Што доколку полицаецот уште еднаш ја повтори својата изјава со истата содржина. Дали тогаш Чавков ќе биде збунет, ќе кажува некоја друга (своја) приказана или ќе биде првиот кој ќе пропее и ќе
ја каже вистината. Тешко на Македонија и на сите нас ако имаме вака лесно збунливи
полицајци како што кажува Чавков. Со оглед на многуте нејаснотии за овој случај како и притисокот кој после оваа изјава ќе го трпи полицаецот и останатите учесници во оваа постапка
апелираме до надлежните органи да превземат мерки истите максимално да бидат заштитени се со цел македонската и меѓународната јавност да ја дознае целата вистина за Диво насеље“

Интегрален текст

Слични содржини