download (1)
Шефот на европската Агенција за гранична контрола (Фронтекс) Фабрис Леџер изјави дека се неопходни повеќе гранични службеници, бродови и авиони за обезбедување на широката поморска граница на Грција, преку која во Европската унија влегуваат повеќето мигранти, пренесуваат американските медиуми.

Шефот на Фронтекс денеска изјави дека буџетот на агенцијата од 142 милииони евра во текот на минатата година во 2016 година е зголемен на 250 милиона евра, додека во 2017 година тој треба да биде зголемен на 320 милиони евра.

Во моментов во Грција се разместени околу 775 гранични службеници и уште околу 280 во јужна Италија, каде мигрантите од Либија пристигнуваат преку Средоземно Море.

Леџер додаде дека дотокот на мигранти во јануари значително опаднал во споредба со декември, но е за неколку пати повисок во споредба со јануари 2015 година.

Минатата година во Европа пристигнаа повеќе од еден милион мигранти. /МИА

Слични содржини