Поради лошото време во Грција во јануари пристигнале 40 проценти помалку мигранти во споредба со декември минатата година, соопшти денеска европската гранична служба ФРОНТЕКС.

20151005125847_329060

Поголемиот број од 68.000 луѓе кои минатиот месец преку Средоземно Море пристигнале во Грција се Сиријци, Ирачани и Авганистанци.

Според податоци на Високиот комесаријат на Обединети нации за бегалци од почетокот на годината повеќе од 101.000 мигранти и бегалци пристигнале во Европа, а 406 луѓе загинале или се водат како исчезнати.

Повеќе од еден милион мигрантии и бегалци пристигнале во Европа минатата година.

Слични содржини