Фронтменот на “Рибја чорба” Бора Ѓорѓевиќ, синоќа заврши во Ургентниот центар.

од desk3
Во текот на доцните попладневни часови, Бора беше примен како итен случај во Ургентниот центар.  Се жалел  на недостаток од воздух. По соодветната лекарска терапија, тој бил подобро. И Чорба објасни што се случило.

“По сите лекарски третмани сега се чувствувам добро. Се чувствувам како нов. Алал да им  е на луѓето кои работат во итни случаи, бидејќи сега  можам полесно да дишам “, изјави Бора.”Сè се одвиваше без никакви проблеми. Имав неколку напади во текот на денот и јас мислев дека не треба да се оди во болница. Како денот одминуваше мене ми стануваше се полошо, па му се јавив на мојот пријател Бане Обрадовиќ кој ме однесе во болница. Пријателите како него се многу ретки и бескрајно сум му благодарен”, заклучи Ѓорѓевиќ.

Слични содржини