ФСП: Поразителна е констатацијата на ЕК дека Македонија воопшто не напредувала од лани

од Vladimir Zorba

download-2

„После уште еден поразителен извештај на Европската комисија за напредокот на Република Македонија, Форумот на слободоумни патриоти ги повикува сите политички партии без двоумење уште веднаш во своите изборни програми да се обврзат дека доследно ќе ги спроведат сите забелешки дадени во Извештајот на ЕК, а посебно имплементирање на итните реформски приоритети дадени во извештајот на ЕУ експертската група предводена од Рајнхард Прибе.

Доколку не го направите истото уште на старт ќе покажете дека не сте за разрешница на политичката криза која веќе предолг период ја има зафатено Република Македонија, туку сте за пролонгирање на истата се со цел ваше политичко опстојување.

Во интерес на Република Македонија ве повикуваме да прекинете со вашите евтини политички игри. За нас поразителна е констатацијата на Европската Комисија дека Република Македонија воопшто не напредувала од лани“, се вели во соопштението на Форумот на слободоумни патриоти.

Слични содржини