Фудбалското првенство во Грција прекинато на неопределено време

од Vladimir Zorba

По вчерашниот скандал во Солун, кога Иван Савидис, сопственикот на ПАОК, по поништен гол против АЕК влета вооружен на теренот за да се соочи со судијата, владата на Грција го суспендираше грчкото фудбалско првенство.

Судијата беше принуден да го прекине натпреварот поради овој инцидент.

Прекинувањето на фудбалскиот шампионат следеше по денешната средба на премиерот Алексис Ципрас и заменик-министерот за спорт, Јоргос Василијадис.

Грчката полиција издаде наредба за апсење на Иван Савидис, како и уште четири лица, а грчките медиуми објавија дека станува збор за телохранители на Савидис.

Хаотичната ситуација во грчкиот фудбал трае долго време, и ова е втор пат во последните неколку години како првенството се суспендира.вз

Слични содржини