fuere-izjava-860x676

Поранешниот евроамбасадор во Македонија, Ерван Фуере денеска им се приклучи на демонстрантите, кои традиционално својот протестен марш го почнуваат пред зградата на Специјалното јавно обвинителство.

– Ги поддржувам овие луѓе кои достоинствено протестираат против кршењето на владеењето на правото и повредата на човековите права, кои се случуваат во земјата – изјави поранешниот евроамбасадор.

Фуере рече дека претседателот Ѓорге Иванов мора да ја повлече одлуката за аболиција, за СЈО да може да ја изврши својата задача, за која е формирано, а тоа е токму истражувањето и процесирањето на кривичните дела за корупција и изборни криминали. Според Фуере, невозможно е да се одржат избори во ваква ситуација, затоа што треба да се спроведат неопходните реформи, меѓу кои се и регулацијата на медиумите. Инаку, демонстрантите го почнаа протестниот марш./извор Мета

Слични содржини