Функционери од ВМРО-ДПМНЕ ургирале па полицијата по апсењата ги пуштала приведените по улици

од Vladimir Zorba

Сепак ноќеска нови  7 уапсени. Екс пратеникот Павле Трајанов , преку соопштение на Демократскиот сојуз повика пратениците кои ги отвориле рампите на вратите на парламентот да си поднесат оставки , поради тоа што се диркетни виновници кои ја саботирале безбедноста на парламентарците и самата парламентарна зграда.

 

Ноќта по дивеењето во Собранието во полициската станица биле доведени само 9 лица од страна на полицијата но и тие биле веднаш пуштени затоа што полициските службеници ги пријавиле како доведени лица, а не како приведени, дознава НОВАТВ откако разговараше со неколку извори кои што таа ноќ биле директно вклучени во задоцнетата полициска акција по тепањето пратеници и демолирањето на парламентот.

„Ги носевме во комбињата. Како што ги возевме постојано се јавуваа луѓе како градоначалници од Скопје и министри, но и поранешни високи функционери и само ни наредуваа „Пушти го овој, остави го овој“. Додека да стасаме до полициската во Автокоманда буквално беа празнети по улици комбињата. Таму донесовме 8 или 9 луѓе. Полицијаците се плашеа да кажат дека луѓето се приведени. Кога внесувате лице во станица мора да кажете по кој основ е приведен. Ако не кажете тогаш тоа лице е слободен човек, немате основ да го држите.

Сите осомничени беа пријавувани во станицата како „доведени“ лица. Потоа сите беа пуштени“, раскажува извор во полицијата за НОВАТВ.

Од друга страна, пратеникот на ВМРО ДПМНЕ и екс министер за земјоделство Љупчо Димовски на својот Фејсбук профил објави видео клип, монтиран со музичка подлога, на кој се гледа како пратениците од неговата партија ги дочекуваат насилниците кои физички ги нападнаа пратениците од СДСМ и другите од парламентарното мнозиство во Прес центарот на Собранието.

-Наместо безочните лаги на однародените, примитивно-малограѓански „социјалдемократи“, ова е вистинстинската слика од народното ослободување на македонското народно Собрание од тиранијата на СДС, пишува Димовски во статусот што го придружува видеото.

На него се гледа како пратениците Илија Димовски, Елизабета Канчевска Милевска и други се гушкаат и се поздравуваат со насилниците со фантомки и со каучлки на главите во присуство на припадниците на полициските специјалци.

Екс пратеникот Павле Трајанов , преку соопштение на Демократскиот сојуз повика пратениците кои ги отвориле рампите на вратите на парламентот да си поднесат оставки , поради што тие се директни виновници кои ја саботирале безбедноста на парламентарците и самата парламентарна зграда.

Демократскиот сојуз бара темелна истрага, ОСТАВКИ и КРИВИЧНА одговорност!

 

Сепак, според последните  информации на Локално.мк, ноќеска се приведени најмалку 7 лица, припадници на службите на полицијата, а Јавното обвинителство има издадено налог за апсење на 15 лица кои  први се индентификувани, и со сигурност  учествувале во  насилниот упад во Парламентот и ги нападнале пратениците .

Според неофицијални информации Министерството за внатрешни постапувало ноќеска  по тоа барање.

Штом ќе бидат најдени, осомничените ќе бидат однесени во полициска станица и веднаш  изнесени пред пред судија на претходна постапка и најверојатно ќе се бара притвор, велат од ОЈО.

Министерството за внатрешни работи синоќа побарало мерки за обезбедување за четири лица за кои има докази дека биле водачи во насилството врз пратениците.

Претходно МВР испрати писмо до Основното јавно обвинителство со кое бара под итно да се повикаат на сослушување и да им се одредат мерки за обезбедување на четири лица за кои се обезбедени докази дека биле организатори и водачи на насилството врз пратениците кое се случи во четвртокот во Парламентот.

Неофицијално станува збор за Б.Д,  Б.И, В.Ј.и И.Д. МВР продолжува интензивно да работи на расчистување на насилството во Собранието и обезбедување на докази.

Јавното обвинителство досега испрати само соопштиение до јавноста дека ги следи настаните, но не се изјасни ниту за организаторите, ниту за евентуална квалификација на делото.

Истакнаа дека имаат  „редовна комуникација“ со МВР и дека се поставени 6 обвинители да работат на расветлување на упадот од страна на стотици хулигани во Собранието каде што  тепаа пратеници.

Ноќеска приведувања!15 учесници во насилствата во парламентот на список на обвинителството

Од снимките кои излегоа во јавноста има доволно докази кој се учестувал во насилствата, и  се очекува експресна акција и покрај сите обиди , да се ослободуваат учесниците во насилните протести. Како и да е сослушувања и потврдување на идентитетот и обвинителна процедра ќе биде спроведена поради тешките последици животна загрозеност и повреди врз пратениците.

 

 

 

Слични содржини