Лидерите на “големата седморка” (Велика Британија, Германија, Италија, Канада, САД, Франција и Јапонија) се договорија да се преземат заеднички активности за зголемување на растот на светската економија.

г7

Иницијативата претпоставува усогласени активности на земјите од Г7 во решавањето на проблемите во областа на здравството, трговијата, борбата против корупцијата, и сајбер безбедноста. Важен момент во оваа иницијатива се заедничките мерки за справување со проблемите на мигрантите и бегалците. Миграциската  криза која  ја зафати Европа, е проблем со кој треба да се справи целиот свет, рекоа водачите на Г7. “Г7 ги признава тековните масовни движења на мигранти и бегалци за светски предизвик кој бара светска реакција. Ние се обврзуваме да ја  засилиме светската помош за исполнување на најитните и долгорочните потреби на бегалците, како и тие кои ги  прифатила заедницата. Г7  ги промовира меѓународните финансиски институции и индивидуални донатори да ја зголемат финансиската и техничка помош “, велат водачите.

Земјите од “големата седморка” ќе придонесуваат и на глобалните напори за борба против коррупцијата. Тие предупредија дека евентуалното излегување на Британија од Европската унија може да стане негативен фактор за развојот на светската економија. Референдумот за членството на Велика Британија во ЕУ ќе се одржи на 23 јуни. Според анкети, бројот на поддржувачите и противниците на излегувањето на Велика Британија од ЕУ е речиси иста. Санкции против Русија ќе останат во сила до целосна имплементација на Минск договорите, и можат да бидат засилени, доколку е потребно, се наведува во заедничката декларација, усвоена на самитот на Г-7 во Јапонија. Истовремено се нагласува дека Г7 поддржува зачувувањето на дијалогот со Москва за решавање на украинскиот конфликт.

Слични содржини