Габриел: Франција и Германија имаат заедничка одговорност да ја развијат Европа

од desk2

Берлин мора да работи со Париз ако сака да ја подобри и прошири Европската унија, рече германскиот министер за надворешни работи, Зигмар Габриел.

„Франција и Германија – некогаш заколнати непријатели имаат заедничка одговорност да ја развијат Европа оттука-натаму”, рече тој во интервју за АФП, нагласувајќи дека приоритет на двете земји ќе мора да биде нужна реформа на економската и монетарната унија.

Габриел исто така, инсистираше дека Меркел треба да ја зграпчи историската можност, која и се нуди во лицето на Макрон , бидејќи во спротивно еден ден ЕУ ќе постои само на хартија.

АФП потсетува дека во последно време француските и германските лидери покажат уште поголемо единство на позадината на престојната 55-годишнина од Елисејскиот договор, склучен помеѓу претседателот Шарл де Гол и канцеларот Конрад Аденауер – основачите на модерна Франција и Германија.

Документот од 1963 година има за цел да обезбеди владите на двете земји да бидат тесно поврзани една со друга. Францускиот и германскиот парламент ќе донесат в понеделник заедничка резолуција, во која се повикува на ажурирање на договорот. Со тоа, пратениците се надеваат дека гласањето ќе биде почеток на понатамошните чекори за продлабочување на француско-германското пријателство.

Слични содржини