Габриел: Германија ја продолжува разузнавачката соработка со САД

од Vladimir Zorba

Германскиот министер за надворешни работи, Зигмар Габриел, изјави дека „апсолутно е неопходно“ да се продолжи разузнавачката соработка со САД. Изјавата доаѓа по наводите дека американскиот претседател Доналд Трамп на руските претставници им открил доверливи разузнавачки податоци.

По состанокот со американскиот секретар Рекс Тилерсон синоќа во Вашингтон, Габриел изјави дека разузнавачката соработка меѓу двете земји не била тема на нивните разгори.

Прашан дали Германија може да им верува на САД кога станува збор за разузнавачките информации, Габриел рекол дека меѓу двете земји постои „силна разузнавачка соработка“ и дека тоа е „апсолутно неопходно“ за безбедноста на Германија.

– Сигурен сум дека ќе ја продолжиме соработката – додаде Габриел.

Медиумите јавија дека Трамп минатата недела за време на состанокот во Вашингтон, на шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров му открил доверливи разузнавачки податоци за Исламска држава, добиение под посебни услови од Израел.

Трамп потоа изјави дека „ги има сите права“ за информациите да ги сподели со Русите, а Белата куќа соопшти дека се однесувал „сосема соодветно“.

Слични содржини