Има ли нешто пожешко од убавото голо женско тело? Одговорот е дефинитивно не, особено ако гледаме детално во последната фотосесија на Раика Оливеира.6950ddfd0d1b2a6bc14826e0087af388

Моделот со чоколаден тен позира за јулскиот број на списанието Elle, Франција. И иако изданието е насочено повеќе кон женската публика, според нас фотографиите се вистински предизвик за секој маж!

Од секој кадар Раика заведува со облините и разголеното испотено тело, поради високите температури. Иако на ниту една фотографија убавицата не позира сосема гола, тешко дека некому ќе му промакне сексуалниот и деликатен романтичен полнеж на фотосесијата.

Раика Оливеира е уште една Бразилка која докажува дека во оваа латиноамериканска земја навистина се раѓаат убави жени. 31-годишната убавица е претпочитано лице од многу модни компании, меѓу кои Emanuel Ungaro, Dior, Dolce & Gabbana, Yves Saint Laurent, Chanel, Lancome, Victoria’s Secret, Pepe Jeans и други.

Оливеира се раѓа во бразилскиот град Нитерој и уште од 10-годишна сонува да стане модел. Пет години подоцна сонот ѝ станува реалност, откако е откриена од истиот моден агент кој ја открива и Жизел Бундхен.

А сега, не трошете повеќе време и погледнете ја последната фотосесија на Раика Оливеира за француското Elle во нашата галерија .

Бидете подготвени да се оладите со нешто, бидејќи ве предупредуваме-ќе стане уште жешко!

Фото: Elle, Франција

Слични содржини