(ГАЛЕРИЈА) 61 годишен модел ја покажува безвременоста на женственоста

од Vladimir Zorba

Пред 2 години ве запознавме со прекрасниот модел на достоинствена возраст Јасмина Роси. Таа не престанува да изненадува со совршениот изглед, иако веќе наполни 61.

Јасмина продолжува да е модел на костим за капење. Убавината ѝ е незаменлива и како да застанала во времето.

Сликите подолу се производ на соработка меѓу онлајн продавницата на име The Dreslyn и модната куќа за долна облека, наречена Land of Women. Според основачите на двете компании нема посоодветен модел на костим за капење од Јасмина , бидејќи целта на колекцијата е да се разликува од хипер-сексуалните слики, на  кои сме навикнати.

Лесно е да покажеш млад модел со стегнато тело и убава кожа. Тоа е клише, на што многу модни брендови се обложуваат. Но оваа презентација е различна и има за цел да покаже дека убавината на жената и нејзината женственост и облини не се засегнати од времето. Тие се емитуваат.


Основачот на онлајн продавницата споделува пред HuffPost: ” Тоа е жена која зрачи здравје и виталност. Таа е самоуверена, таа е вистински визуелен уметник, таа се грижи за себе и се одржува. Нашата линија има за цел да  го нагласи токму тоа – да бидеш човек кој се чувствува добро во текот на целиот свој живот, сака да патува, поседува интелект и уверување дека има со што да блесне ” , цитира BoredPanda.

Сите слики на Јасмина видете ги во галеријата.

 

Слични содржини