(ГАЛЕРИЈА) Албански медиуми со остра критика кон Талат Џафери: Кабинетот го претвори во штаб на ДУИ – почна партиската кампања

од Vladimir Zorba

Улогата на спикерот на Собранието треба да е над сите партиски и етнички политики и да е во интерес на сите граѓани и заедници во земјата, рече високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика, Федерика Могерини, на вчерашната средба со претседателот на Собранието Македонија, Талат Џафери во Брисел.

ИНА новинска агенција вчера објави извештај со критики на граѓаните, кои беа поставени на социјалните мрежи, на кои се гледа како Талат Џафери неговиот кабинет го претвори во партиски кабинет.

На Фејсбук циркулираа фотографии на пратеници, но, исто така, и на министрите на ДУИ во кабинетот на спикерот Талат Џафери. Повеќето функционери на ДУИ, го гледаат ова како нивно достигнување, а други пак фотографирањето во кабинетот како користење за партиска кампања.

Поради ова Талат Џаферисе соочи со остри коментари со барање институцијата да не треба да се партизира./извор ИНА новинска агенција

Слични содржини