Бела Адид ги фрли облеката и инхибициите за сликите во нов рекламен проект. Таа се преобрази за фотосесија за козметичката марка Nars. Во рекламите за новата колекција, бринетата прикажа слика која наликува на стилот на Анастејша од “Педесет нијанси на сиво”, толкувана од Дакота Џонсон.

Сепак не на сите кадри Бела изгледа толку наивна како хероината, забележува OK Magazine.

На фотографиите на кои Бела позира со додатоци и масивни украси, таа повеќе наликува на рок заводничка.

Партнер во фотосесијата е моделот Џастин Глосман. Двајцата изгледаат како рок бунтовници со силно нагласени очи, и еден куп додатоци – украси за врат, прстени и нараквици.

Улогата на рокерка доста ѝ доликува на Адид и во реалниот живот. Деновиве таа беше откриена во друштво на Џордан Барет. Двајцата се забавуваа заедно во станот на бринетата во Њујорк.

Бела негираше дека има интимни односи со Џордан, а тврди дека се блиски како брат и сестра.

Џордан е на 20 години и е модел, роден во Австралија. Неколкупати неговото име се поврзуваше со познати личности како Парис Хилтон и Кејт Мос.

Видете ја Бела Адид во галеријата.