На околу 26 километри југозападно од Аламогордо, во државата Њу Мексико, САД, има една огромна површина со снежен песок. Таа е дел од пустината Чивава и се вика Национален споменик “Бели Песоци”.9c26415ea252948f539d3c761cc93848

Но, за разлика од другите пустини, песокот тука не е составен од кварц, туку од гипс кристали.

Гипсот е еден од најчестите минерални соединенија на земјата, но ретко се среќава во форма на песок, бидејќи лесно се раствора во вода.

Гипсот е чест во топли извори, во езерото и во морската вода, а може да се појави и откако водата ќе испари. Токму така се формирале гипсовите дини на ова место, познати уште како базенот “Тулароса”.

Белите Песоци се опкружени од планините на Сакраменто и Сан Андрес и се формирале пред околу 100 милиони години.

Белите Песоци опфаќаат површина од над 700 квадратни километри, а на места дините достигнуваат до 15 метри височина. Дините се менуваат постојано, бидејќи се преместуваат од постојаните југозападно ветрови.

За разлика од другиот пустински песок, гипсените кристали не ја проголтуваат топлината од сончевите зраци, поради што тие се ладни на допир. Лесно може да се оди по песокот со боси нозе, дури и во најжешките летни месеци.

2714a4b44572a020871f37d20db6494ca79bcc3986e2902b55caff756cfb82910db785fe0c9df9a4f129e03511e046f5109bd9d873255feccd6798abf4fb48bffd7d3ef97c17eaa838328d9c000f7dab921db11d59c0df33b4f7a3afc7a0d28112bcbec42ed815df355e088bd6a1db6f8dfd6ff40fb9bd1b480697eaf233d36721963547861082aaeb435f1b73a0210a

Слични содржини