Мајкл Блумберг го додаде кон своето портфолио блескавиот недвижен имот во Лондон. Поранешниот градоначалник на Њујорк купил историска палата во луксузниот кварт Челзи за сума од 25 милиони американски долари.db72cdd1b65cb1486323c038bbb4d5da

Според луѓето запознаени со договорот, раскошниот имот е изграден во 1715 година и е со поглед на реката Темза.

Тој се наоѓа на само 20 минути пешачење од другиот лондонски дом на Блумберг во Најтсбриџ, каде што тој редовно пречекува како домаќин бизнис лидери, културни дејци и политичари.

Минатата година Блумберг доби почесно витештво лично од кралицата Елизабета II, како признание за неговата добротворна работа, поврзана со Велика Британија.

Според медиумите, новиот дом на милијардерот и основачот на компанијата Bloomberg LP, всушност е родното место на писателката Џорџ Елиот, чие вистинско име е Мери Ен Еванс.

Во принцип Блумберг живее главно во Њујорк – мегаполисот, на кој беше градоначалник во текот на 12 години.

Европската централа на неговата компанија, сепак се наоѓа во Лондон и можеби тоа го задржува почесто во Велика Британија.

Новиот дом на Блумберг има седум спални, градина, неколку свода и масивен таван со фрески, дело на Џејмс Торнхил кој ги насликал сликите од внатрешната страна на куполата на катедралата Сент Пол.

Оваа набавка додаде уште масло на огнот на гласините дека Блумберг планира да стане дел од Конзервативната партија и да се кандидира за градоначалник на Лондон следната година.

Всушност поранешната жена на 73-годишниот бизнис магнат е Англичанка и тој би можел да се здобие со британско државјанство, ако побара.

Погледнете фотофрафии од станот на Блумберг во британската престолнина во галеријата.

7f122ef2969587c10407637282c000cf2AE09DCB00000578-3175937-image-a-66_14380014017552AE09D6200000578-3175937-image-a-65_14380012379742AE09CC700000578-3175937-image-a-63_14380012140452AE09CDA00000578-3175937-The_centrepiece_of_the_mansion_is_a_sweeping_staircase_surrounde-m-62_1438001205814Michael_Bloomberg_london_home_6

Слични содржини