ГАЛЕРИЈА: Бред Пит и е гневен на Анџелина Џоли заради изјавите дека е лош родител

од Vladimir Zorba

 

Бред Пит е бесен на Аџелина Џоли заради барањето за развод. Тој смета дека овој потег може да ја доведе до ризик, состојбата на нивните деца.389cdf9400000578-3798552-image-a-202_1474391488942

Блиски извори на Пит, изјавуваат за TMZ, дека актерот е лут на Џоли, заради приказните, дека тој може да биде потенцијален ризик за нивните деца поради проблеми со гневот и употреба на супстанци, што таа наводно ги изјавува за печатот.

Пит наводно тврди дека таа “ја отворила вратата на пеколот”,  и сега целото семејство е на мета на папараците, како што се изјавува, дека можеби некаков шокантнен инцидент е причина за разводот. 389cff0400000578-3798552-kids_first_jolie_was_also_reportedly_upset_with_the_way_pitt_was-m-199_1474390974991

Во последните неколку дена, Пит разговараше со Џоли, со молба за тие двајца да ја завршат процедурата за разводот како “возрасни”.389cfefb00000578-3798552-tense_moment_a_source_also_claims_jolie_became_fed_up_with_pitt_-a-200_1474390984230

Пит сакаше разделбата да ја чува во тајност, за доброто на нивните деца, но наместо тоа, Џоли го претстави како татко што предизвикува ризик за нивните деца и побара полно старателство.

Домот на Холивудските ѕвезди е опкружен со фоторепортери, додека полицијата од Лос Анџелес, често патролира заради медиумската “хистерија”.38a07a7900000578-3798552-image-a-35_1474417847025

Веста доаѓа откако Анџелина Џоли поднесе барање за развод, заради здравјетo на нивното семејство, наведувајќи ги како причина непремостливите разлики, 2 години по нивната венчавка на имотот во Франција, “Chateau Miraval”.

Извори на TMZ, блиски до двојката, јавуваат дека одлуката на Џоли за разделба со Бред е поврзана со начинот на кој тој се грижи за своите деца.389ccd9000000578-3798552-moving_forward_the_actress_cites_irreconcilable_differences_as_t-a-139_1474389679187

“Таа е исклучително вознемирена од неговите методи”, пишува весникот.

Истите извори тврдат и дека, на Анџелина и дошло преку глава од неговата консумација на марихуана и алкохол, како и неговиот проблем со гневот.

Исто така, се открива дека веста за разводот му била соопштена на Пит, само еден ден пред поднесување на документите.

Вчера вечер, еден од блиските извори изјави дека Анџелина веќе некое време била несреќна и дека двојката постојано имала расправии за нивната иднина.

“Таа цело време се обидуваше да го направи бракот функционален, за доброто на нивнити деца, но тие беа во криза од која што немаше излез” – тврди изворот, додавајќи:389cd42900000578-3798552-they_do_pitt_and_jolie_s_wedding_ceremony_featured_only_their_si-a-144_1474389679546

“Нивните животи се движат во сосем различни насоки. Анџелина сака да биде запамтена како хуманитарец, додека Бред продолжува со Холивудскиот начин на живот и се наоѓа во некоја средновечна криза.

Претходно месецов, таа му кажа дека не може повеќе да продолжи со него.

Тој беше скршен, меѓутоа помеѓу нив двајца е готово засекогаш и нема да има среќен крај како во бајка.”

 

 

 

 

 

Слични содржини