(ГАЛЕРИЈА) Да, постои и вакво место!

од Vladimir Zorba

 

Плажата на љубовта (Playa de Amor), кој  го носи уште името “скриената плажа“ се наоѓа во Мексико. Тоа е песочна плажа, која е скриена од сите страни и до неа се стигнува само по вода.

Откако ќе посетите серија од пештери што може да се допрат со кајак или со мал брод, се открива единствена глетка на плажа во внатрешноста на земјата.

Ако имате храброст и сте добар пливач, може да се движите низ тунелот во карпите и преку пливање, бидејќи местото не е многу оддалечено од брегот. Плажата е најблаго речено интригантна и доста романтична – бел песок, кристална вода и дупка кон небото.

Скриената плажа се наоѓа на мексиканскиот остров Мариета. Иако за него се знае од релативно скоро, тој веќе е доста популарна дестинација за барателите на најубавите места во светот.

Слични содржини