(ГАЛЕРИЈА) Дејвид и Викторија Бекам се преселиле да живеат во “штала“

од Vladimir Zorba

Дејвид и Викторија Бекам одлучиле да се преселат да живеат во штала, претворена во дворец, што според медиумите на Островот, веќе го купиле за сума од 5 милиони британски фунти.

Новата куќа на славното семејство се наоѓа во омилената провинција на куп британски личности како принцот Хари, Дејвид Камерон, Рита Ора, Гај Ричи и др. Предметниот имот е во близина и хотелот со пет ѕвезди “Soho Farmhouse” во реонот Котсуолдс.

Според последните информации, пензионираниот фудбалер, неговата жена и четирите деца се одлучиле да започнат нов, селски живот.

Дејвид дури веќе си купил новo теренско возило – Land Rover Defender, идеален за покраината.

Извор близок до семејството Бекам изјави за весникот Daily Mail: “Дејвид и Викторија веќе не сакаат да живеат во лондонскиот дом во Холанд Парк. Тие сакаат главно да живеат на село со своите деца. ”

Дејвид не е љубител гурманските кујни, туку на селските специјалитети; Фото: Instagram

Новата палата на славното семејство се состои од три пространи штали поврзани преку топли врски. Куќата располага со огромен тревник, базен, гаража за три возила и јаболкова градина.

Видете слики на новиот, селску дворец на Бекам во галеријата.

Лондонскиот дом на семејството

Слични содржини