(ГАЛЕРИЈА) Џесика Частејн ја разоткрива женственоста пред Вог

од Vladimir Zorba

Во екот на фестивалот во Кан, холивудската актерка Џесика Частејн ја украси насловната страница на новиот број на шпанскиот Vogue.

Ѕвездата направи црно-бела фотосесија за сјајното издание. Интересот за актерката бил поврзан не толку со убавината колку со улогата во жирито на 70-тото јубилејно издание на фестивалот.

40-годишната Частејн застана пред фотообективот на Марио Соренто, познат по еротските кадри за публикации како Vogue и Harper’s Bazaar.

Во својата нова фотосесија Соренто се труди да ја открие женственоста и сексуалноста на холивудската дива, без да прибегнува кон дополнителни ефекти.

Едноставни декорации, минимум на боите и максимална природност – сето тоа, според мислењето на Марио, го одразува концептот на изданието и идеално го открива внатрешниот свет на Џесика.

Видете ја Џесика Частејн во галеријата.

Слични содржини