(ГАЛЕРИЈА) Џиџи Адид во жешко издание за јапонската верзија на “Vogue”

од desk2

Младата манекенка, Џиџи Адид, во еден краток временски период успеа да завладее со светот на модата и да влезе под кожата на многу дизајнери и модни уредници, кои ја сакаат на сите модни писти, насекаде низ светот, но и на насловните страници на нивните списанија.

14717653_344630952548005_7362536902781566976_n

Таа има прекрасно тело, полни усни и раскошна руса коса, па не е ни чудо што Џиџи работи со полно работно време.

Со нејзината последна фотосесија, таа ја краси насловната страница на јапонската верзија на модната библија, односно списанието “Vogue”. Споделувајќи ги фотографиите на нејзиниот Instagram профил, Џиџи ја нарече фотосесијата “една од моите омилени”.

14714387_214724182273683_759617004121358336_n

Насловната страница, логично е во придружба на голема редакција, за која мора да се признае дека е една од најсензуалните, кои некогаш ги снимила. Така, на една од сликите, Џиџи открива чипкана долна облека, додека на друга ги крие градите со еден мал дел од палтото.
14624332_1669287640028716_3222307004894674944_n
На сликите, нејзините очи повторно се истакнати со совршена линија туш, а таквиот “мачкести” изглед едноставно никогаш не излегува од мода. Џиџи уште еднаш покажа дека таа заслужено е учесник во шоуто на најпознатиот светски бренд за долна облека ,”Victoria’s Secret”, бидејќи нејзиното тело навистина е беспрекорно.

Слични содржини