Рита Ора покажува неверојатен изглед во новиот број на списанието InStyle, Велика Британија (март / 2015).bf0b75f544ee64fee0c82d5b9bbeb7cb

24-годишната пејачка, текстописец, актерка и модна икона позираше во шарени модели на Max Mara, Chanel, Michael Kors, Roberto Cavalli, Prada и др.

Сексапилната Ора е супер актуелна во последно време, не само затоа што учествува во еротскиот кинохит “50 нијанси на сива ” , но и затоа што наскоро и претстои издавањето на својот нов студиски албум.

Еве и неколку извадоци од интервјуто со британската ѕвезда:

За улогата во “Педесет нијанси на сива”:“Слушнав за аудицијата и се поврзав со режисерката Сем Тејлор-Џонсон, за да и дадам идеи за саундтракот. Реков  дека ќе ми биде драго ако имам мала улога во филмот, бидејќи сум голем фан на книгата. И тогаш таа ми рече да се јавам на аудиција.Не сум играла до овој момент во филмот и искрено, не знаев што да очекувам од кастингот, но пак и немаше што да изгубам. Затоа почнав како сите други и никој не се однесуваше со мене на посебен начин. Мислам дека ја добив улогата најмногу поради совршениот американски акцент. ”

За отфрлањето: “Многу пати во почетокот на мојата кариера ми кажаа дека не сум доволно атрактивна или пак талентирана. Искрено, толку многу пати ми кажаа “не”, а можам да си ги запаметам сите! Но јас пак самата никогаш не се откажувам. Имам цели и ги освојувам, а и оние отфрлањата ме формирале како карактер. ”

Видете ги фотографиите од последната фотосесија на Рита во галеријата.

dac7b9bf254f0e2c2dd45db5cf6b3a59 e28d8d55aa14670ef14e178d6771c13f 6d6e644c53cc55c469e60330bbf5fc8e c72316befa396bc3d65cba9fba1fc6a5 6227c07b0973cf1a96e6066bbd2c4af7 139368f91b418cae4c48c05cf87ccb83 301179b8be78fcf8e24797c5bfb9d0e4 b7175201b8600330f1e087fcf02c8580 9ca5a8bd80c8089dd7111c666b29d476 c3416e7799b40087a79da7fb58b4a6f8 cecfd727c75715c8dd33a50a94fcec0a

Слични содржини