(ГАЛЕРИЈА) Долче и Габана: Новата генерација

од Vladimir Zorba

Нема ништо вечно. Ова тврдење е апсолутно поддржано од природниот развој на модната индустрија, особено ако се фокусираме на актуелните лица.

Ако до скоро водечки супермодели биле Кејт Мос и Наоми Кембел, тое во последно време се заменети со Кара Делевин, Кендал Џенер и Џиџи Адид.

Следствено од Dolce & Gabbana се обложуваат на сосема друга тактика и ги претставуваат во својата кампања за пролет-лето 2017 новите лица на индустријата.

Актерката Зендаја и ѕвездата од социјалните медиуми Соња бен Амар се само дел од новите засилувања на модната куќа.

Чисто тематски Доменико Долче и Стефано Габана не го изневеруваат уште еднаш својот култен потпис и ни презентираат комплетна слика од Капри, Италија.

Интересен пристап за комбинирање на локалните жители со супермодели повторно е спроведен, а тоа сигурно создава навистина автентична средина задржувајќи го и традиционалниот дух во рекламната кампања.

Сите кадри од рекламната кампања на Dolce & Gabbana за пролет-лето 2017 можете да ги видите во нашата галерија.

Слични содржини