Кејт Бланшет и Ендрју Аптон ја објавија во продажба својата убава куќа во предградието на Сиднеј. Актерката и сопругот, кој е познат драматург и театарски режисер, неодамна ја напуштија родната Австралија и се преселија да живеат во САД.4a3e3a547a6da7bb3fb6fdeb6559c542

Кејт сподели во интервју дека двајцата со Ендрју одлучиле да им дадат на четирите деца американско образование. Освен тоа неодамна на Аптон му заврши договорот како уметнички директор на театарот во Сиднеј, а и Кејт преферира да живее во САД, најверојатно за да е поблиску до Холивуд.

Што се однесува до имотот на двократниот добитник на Оскар во Сиднеј, тој се наоѓа во историското предградие Хил Хантер, а цената на куќата е 14 милиони американски долари.

Бланшет и нејзиниот маж го купуваат прекрасниот дом во 2005 година за 8 милиони, а потоа му прават комплетно реновирање и проширување. Според информациите поправката на куќата чинела речиси колку самиот имот.

Освен тоа куќата може да се пофали со неверојатна градина, создадена од австралискиот пејзажен архитект Вил Дангар.

Природно домот на ѕвездата располага со огромна веранда со пергола, со базен и спа центар, платформа со бранови, тениско игралиште и одлична глетка кон брегот на реката Хоуксбери.

Погледнете фотографии ода австралискиот дом на ѕвездата во галеријата.

 

Слични содржини