(ГАЛЕРИЈА) Елизабета II и Филип – 70 години брак или она што не знаете за најпознатите сопрузи на британската монархија

од desk4

На 20 ноември британската кралица Елизабета Втора и нејзиниот сопруг принцот Филип се подготвуваат да ја одбележат платинестата годишнина од нивната свадба. Од опкружувањето на кралското семејство се категорични дека двојката е репер за среќен брак. Бракот на кралицата со војводата од Единбург, е слична на власта, која е триумф на стабилноста.

Тие се репер за среќен брак. И со тоа го разбиваат клишето дека при изборот на партнерка престолонаследниците никогаш не се водат од заповедта на срцето. Двојката може да се пофали со најдолгиот брак во монархијата кој е забележан во британската историја – цели 70 години.

Уживаат во се: имаат 4 деца, осум внуци, 5 правнуци. Уште на 13-годишна возраст Елизабета се зарекла дека никогаш нема да земе за сопруг друг маж, освен Филип. Ова се случува во 1939 година, кога таа се уште е принцеза, а тој е привлечен грчки принц и морски питомец.

Во 1947 година е објавена веста за принцезата Елизабета и Филип Маунтбатен, кој има грчко, данско и германско кралско потекло. Всушност, Лилибет, како што ја нарекуваа идната кралица, можела да се омажи на 17 години. Филип, тогаш поморски офицер, ја побарал раката, но родителите на Елизабета Втора одлучиле дека таа се уште не е подготвена за брак, и се согласиле со предлогот на принцот, но само 4 години подоцна.

Кога Филип го предложил бракот – во зградата Балморал во 1946 година, Елизабет го прифатила предлогот, без да се посоветува со своите родители. На кралот и кралицата, кои не им се допаѓал кандидатот, побарале период на размислување, но принцезата е непоколеблива.

Писма напишани кратко време по нивната венчавка во 1947 година се сведоштво за нивната голема љубов.

„Филип е ангел“, напишала принцезата Елизабет, која им влеала надеж на своите родители. Тоа е допрено до сите. Пред свадбата, Филип се откажал од титулата принц од Грција и го зел презимето на семејството на мајка му Маунтбатен.

Кралот Џорџ VI му дава цела колекција од титули – војвода од Единбург, грофот на Марионет и барон Гринјуич. Венчавката на младите се одржала во Вестминстерската опатија на 20 ноември 1947 година и се претвора во симбол на враќањето кон нормалниот живот на британското општество во годините по Втората светска војна.

Иако имало ниски температури, десетици илјади поданици стојат пред опатијата, за да ја поздрават иднината на семејството. На церемонијата присуствуваат две илјади гости, меѓу кои кралевите и кралиците на Данска, Југославија, Норвешка, Романија и Шахот на Иран.

Идната кралица Елизабет благодатно одела кон олтарот, облечена во величествен фустан, дело на британскиот дизајнер сер Норман Хартнел. Облеката била направена од свилен сатен, а должината на трупот бил долг околу неколку метри. Во рацете Лилибет носела убав букет од бели орхидеи, а пред олтарот ја чекал Филип, кој бил облечен со поморската униформа.

Младоженците добиваат близу 10.000 поздравни телеграми и 2.500 свадбени подароци, меѓу кои таписерија од Махатма Ганди, кинески порцелан сервис од кинескиот претседател Чен Каи Ши. Првата брачна ноќ младото семејство ја поминалет на имотот на чичкото на принцот Филип во Хемпшир.

Потоа се одржала свадбена турнеја во повеќе од десет градови во Велика Британија. Следните четири години се најсреќни во животот на принцезата, велат нејзините соработници. Во текот на овој период, Лилибет е само љубена и сакана сопруга и мајка. Оваа безгрижна фаза од животот на двојката сепак останува во минатото, кога во февруари 1952 година кралот Џорџ VI умира и на чело на Велика Британија застанува 25-годишната Елизабет.

Двајцата меѓусебно се поддржуваат во „главоболките“ покрај разводите на трите од четирите деца, како и во најтешкиот период – од 1992 година, кога престолонаследникот принцот Чарлс и принцезата Дијана ја објавуваат разделбата, односно смртта на Лејди Ди, пет години подоцна.

Успешното партнерство меѓу кралицата Елизабета Втора и нејзиниот сопруг е изградено не само врз љубов и меѓусебно почитување, но и врз нивниот сличен хумор. Тоа сепак не значи дека во семејниот живот тие биле имуни на вообичаените брачни кавги. Не е невообичаено Елизабет да му каже на сопругот да ја „затвори устата“. Но и принцот Филип е единствената личност кој може да и каже на кралицата да замолчи.

– Но, тој е мојата сила и ме потпора во текот на сите овие години, изјави Елизабета Втора за сопругот на златната годишнина од нивната свадба во 1997 години. Пред 70 години

Свадбената торта била 220 кг и висока 3 метри.

Британски кулинарски слаткари ја реконструираа импресивната торта, која била направена за време на свадбата на кралицата Елизабета II односно истата како пред 70 години.

Со месеци мајстори слаткари и студентите од кулинарски колеџ „Ле кордон блу“ се фрлиле на тешката работа на највпечатливото дело кое е снимено во документарниот филм „Very Royal Wedding“.

Како и оригиналот, оваа торта тежи над 220 килограми. Четирикатниот колач е висок 2,75 метри. Листата на производи за торта е импресивен: 27 кг масло, 25 кг – шеќер, 34 кг брашно, 660 јајца, 80 портокали и лимони, 136 кг овошје и ореви, повеќе 15 литри рум и бренди.од

За глазура се користени 68 килограми марципан и 50 килограми шеќер во прав. На почетокот од бракот, Филип тешко се навикнувал што е во сенка на сопругата.

Тогаш често „бегал“ од кралската резиденција, за да учествува на забавите со пријателите во приватни ноќни клубови во Лондон. Со неговите пријатели, меѓу кои актерот Питер Устинов, си правеле забави со палави девојки, тврди историчарот Крис Вилсон.

Поради своето озлогласено однесувањее, принцот Филип го освои својот прекар Острата уста. Акутниот јазик не ги штеди ниту ѕвездите како Том Џонс, ниту милионерите ниту шкотските политичари.

Дворцот имал многу скандали: Чарлс и Ендрју ја подлудија мајката на Британија, за разлика од непоколеблив брак на Елизабета Втора. Три од нејзините деца ја немаат таквата среќа.

Стабилно е семејството само на најмладиот син принц Едвард и неговата сопруга, принцезата Софи. Бракот на синовите – принцовите Чарлс и Андреј – се со комплетен не успех.

По серијата скандали Чарлс и принцезата Дијана се разведуваат. Поранешната кралска снаа загинува во Париз, заедно со својот љубовник Доди ал Фаед со кого планирала да стапи во брак. Неколку години подоцна кралицата треба да го проголта бракот на принцот Чарлс со неговата долгогодишна љубовница Камила Паркер-Боулз. Другата снаа – Сара Фергусон, е снимена како палави гола со американскиот милионер Џон Брајан.

По разделбата од поранешната сопруга Сара – принцот Ендрју, се претвора во вистински плејбој. Неговата листа на освоени ѕвезди се како Деми Мур и Кајли Миног.

Се разведува и ќерката на кралицата – принцезата Ана, натпреварувачка во јавање и учесничка на Олимпијадата во Монтреал во 1976 година. По разделбата со првиот сопруг Марк Филипс, капитен на репрезентацијата по јавање, принцезата склучува брак со Тимоти Лоренс, командант на Кралската морнарица. Во моментов, сепак миленици на Британците се внукот принцот Вилијам и неговата сопруга Кејт Мидлтон, кои чекаат трето дете, а потоа принцот Џорџ и принцезата Шарлот.

Слични содржини