Дасанечите се полуномадско племе, кое брои околу 50 000 луѓе. Тие живеат во долината ОМО во јужниот дел на Етиопија. Во минатото имале различни живеалишта кои зависат од сезоните и менувањето на присуството на вода.f3fdfd391414d13aea9eb0c219c81791

Во последните 50 години, сепак дасанечите изгубиле голем дел од земјиштето и слично на други племиња се населиле главно околу реката Омо. Таму тие одгледуваат култури, благодарение на кои опстануваат.

Француски фотограф поминал неколку години со етиопскоти племе, за да го документира животот и културата на овие луѓе. Така тој успеал да улови на каков начин се менува животот на дасанечите под влијание на современите индустриски стоки.

Интересен “моден тренд” меѓу луѓето од племето се нивните капи направени од различни чудни материјали – шишиња, капи, часовници, шноли и други исфрлени парчиња пластика и метал.

Дасанечите поминуваат месеци, во кои се собираат капачиња од шишиња со чија продажба подоцна купуваат скршени часовници. Со нив пак жените прават накит и перики кои се носат од сите во племето – без разлика на полот и возраста.

“Младите мажи сакаат да носат ѓердани и обетки, додека девојките имаат поголеми мускули, бидејќи тие ја прават најтешката работа како пренесување на вода”, вели фотографот.

Во нашата галерија може да се види за што етиопското племе користи ѓубре на современиот свет.

Фото: Eric Lafforgue

Слични содржини