Граѓанската иницијатива на Македонците во Хрватска одржа сатиричен протест под наслов Колективно помилување – Општа аболиција 2.0. на Плоштадот на жртвите на фашизмот и пред Амбасадата на Република Македонија во Загреб.

13254400_10208438945303903_7207880084056251664_n

На протестот беа обесени да се сушат гаќи и банкноти од 4 милијарди евра со ликовите на Груевски и Мијалков во Загреб

 

Kolektivno pomilovanje

На граѓаните на Република Хрватска со потекло од Македонија, и на сите заинтересирани им беше овозможено да ја исправат грешката на македонскиот претседател Ѓорге Иванов кој во април изврши превентивна амнестија на лица осомничени и обвинети за тешки казнени дела. Нивните профили и карактери се познати преку серијата разговори на водечките државни службеници, заеедно со 20 илјади македонски граѓани прислушкувани за време на 10 годишното владеење на недемократската и корумпирана влада на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ. Ден пред протестот, објавата на овие разговори е забранета со закон.

Kolektivno pomilovanje2

Граѓанската иницијатива смета дека општата амнестија не ги опфати сите казнени дела извршени на штета на македонската држава. Затоа, на овој сатиричен протест на учесниците им беше овозможено да ги запишат своите гревови за кои сметаат дека треба да бидат амнестирани. Така, граѓаните апелираа до претседателот Иванов да ги помилува затоа што ‘често користат заштитен фактор кога сјае вечното сонце’, затоа што ‘умреле, а не станале ВМРО-овци’, додека некои апелираат до власта да ги помилува затоа што со симпатии гледаат на протестантите кои подолго од месец дена бараат промена на власта на македонските улици, ветувајќи дека ‘нема да се повтори’.

Kolektivno pomilovanje3

На протестот беа прочитани и барања за помилување од истакнати лица и организации од Хрватска и Македонија, па така претседателката на Хрватска Колинда Грабар Китаровиќ го моли претседателот да ја помилува поради ‘чување на неговиот грб на заедничката свечена вечера во Скопје на ден 12.04.2016 г. кога колективно помилуваше лица обвинети за тешки казнени дела изборна измама и корупција, додека граѓаните ја демолираа неговата канцеларија’. Даниела Караѓозоска, амбасадорка на Македонија во Хрватска бара помилување поради ‘кршење на Виенската конвенција за дипломатски односи, користење на службеното возило на амбасадата во приватни цели и јавни навреди и дискредитирање на членовите на Граѓанската иницијатива за време на антивладиниот протест во мај 2015’. Маријана Петир, застапничка во Европскиот парламент побара помилување поради ‘давање силна поддршка на македонските конзервативни истомисленици на власт, оптужени за тешки криминални дела, нудејќи за возврат зачленување 10 земји во Клубот на пријатели на Македонија во Европскиот парламент кој го основала од чиста и искрена љубов кон Македонија. На крајот на своето барање Петир додава: ‘Бог ќе ве помилува!’. Последно беше прчитано барањето за помилување кое претседателот Иванов го напишал за себе, а во него наведува дека себеси ќе се амнестира за извршено кривично дело државен удар врз правниот и уставниот поредок на Република Македонија.

Имајќи во предвид дека македонската амбасада има должност да ги исполнува потребите и барањата на сите граѓани од матичната земја, Граѓанската иницијатива очекува од амбасадата да ги проследи молбите за помилување до македонскиот претседател по дипломатски пат, од кого пак очекува да одговори на барањата на граѓаните./ Либертас

Слични содржини