(ГАЛЕРИЈА) Хари Стајлс наликува неверојатно многу на младиот Мик Џегер

од Vladimir Zorba

Хари Стайлс наликува многу на Мик Џегер од 70-тите години на една од трите нови корици за списанието Another Man.54cfa58cdc3b404a284f53d631f781cf

Британскиот пејач од бојбендот One Direction позира во три различни визии за изданието на кои е со различна должина на косата.

На еден од кадрите тој апсолутно наликува на фронтменот на Rolling Stones. 22-годишниот Хари исто како Мик има статус на лошо момче и женкар.

Сличноста на Стајлс со рок диносаурусот Џегер не е случајна.

Се вели дека Хари ќе учествува во претстојниот биографски филм за Мик наречен “Exile on Main Street: A Season in Hell with the Rolling Stones”.

Всушност убавецот Хари сериозно се фокусирал кон кариера во Холивуд.Следната година ќе го гледаме во новиот филм на Кристофер Нолан “Dunkirk”.

Фото: Another Man

Видете ги сликите на Хари за изданието во галеријата.

Слични содржини