ГАЛЕРИЈА: Инсталација посветена на Дејвид Боуви во метро во Њујорк

од desk4

Spotify и Музејот во Бруклин заедно создадoa инсталација посветена на Дејвид Боуви лоцирана на станицата Бродвеј-Лафајет во Њујорк.

Станицата е преуредена и сега е покриена со огромни портрети на Боуви, негови цитати и уметнички дела.

Пуштени во продажба се и одреден број на карти за метро со слики на Боуви.

Инсталацијата е дел од актуелната изложба на Дејвид Боуви во Музејот во Бруклин каде се прикажани над 400 објекти од личната архива на музичарот како костуми, плочи, фотографии и рачно напишани стихови.

Слични содржини