(ГАЛЕРИЈА) Кајли Џенер со еротска фотосесија

од Vladimir Zorba

Моделот Кајли Џенер која е и помалата сестра на риалити ѕвездата Ким Кардашијан, учествуваше во фотосесија за мексиканското модно списание GQ.

Бринетата се пофали со кадри од снимањето на Instagram. Во социјалната мрежа Џенер има над 95,8 милиони следбеници.

19-годишната бринета позираше во долна облека и костими за капење. На една од фотографиите се гледа дека таа ќе ја краси насловната на августовскиот број на изданието.

Фотограф е Мајк Розентал, кој исто така објави некои од фотографиите на својата страница на социјалната мрежа.

Кајли е претприемач и манекенка. Во февруари таа почна да соработува со Puma и стана рекламно лице на брендот.

Исто така девојката ја отвори првата своја продавница за козметика и започна да се снима во еротски фотосесии.

Видете ја Кајли Џенер во галеријата.

Слични содржини