(ГАЛЕРИЈА) Како плачат вистинските мажи

од Vladimir Zorba

“Мажите не плачат“. Овој стереотип се обидува да го промени Холанѓанка Мод Фернхоут со својот фотопроект.b532238ab84502c639eb37f0d3a67dcb

Студентката во универзитет во градот Утрехт, Холандија, одлучи да ги покаже емоциите на посилниот пол, чувствата, без со тоа да си навлечат зајадливи коментари.

Сликите ја прикажуваат историјата на многу млади мажи кои не се срамат да ги покажат солзите.

Околностите немаат значење, ако некој сака да покаже емоција, тоа треба да го направи. Сликите се собрани под името “Како плачат вистинските мажи” (What Real Men Cry Like), а идејата е да се спротивставиме на генералните стереотипи. Пред овој проект таа создаде фотоисторија “Како се смеат жените” (What Real Women Laugh Like).

Моделите на Мод објаснуваат под какви околности би се расплакале. За фотосесијата пак требало сепак фотографката да се потруди – да ги пушта нивните тажни песни, покажува трагични слики, ги испрашувала за нивното минато.

“Никогаш не сум мислела дека мојот проект ќе се здобие со таква слава”, раскажува Мод.

Видете ги мажите, кои не се плашат да ги покажат солзите во галеријата.

Слични содржини