(ГАЛЕРИЈА) Како силос за сточна храна стана кул куќа

од Vladimir Zorba

Да живеат во стар житен силос, веројатно не е она за што повеќето венчанани сонуваат.5a5517be168dc7e5f1fdea43beb13ee5

Факт е дека, сепак, една американска двојка донела токму таква одлука, создавајќи си модерна куќа со прекрасен ентериер, токму користејќи контејнер за сточна храна.

Мажот од парот е архитект по професија и не е ништо чудно што успева да прилагоди житен силос за живот, трансформирајќи го во прифатлив и удобен дом за него и неговата сопруга.

Чудната, но доста модерна куќа се наоѓа во центарот на Феникс, Аризона.

Младенците Кристофер Кејзер и Шона Тибо избираат нивниот прв заеднички дом да биде … метална кутија, наместо традиционалната куќа со бела ограда, можеби и поради фактот дека Шона е декоратор по професија и сопственик на бутик за мебел.

Значи за двајцата била вистинска авантура трансформацијата на силоси во дом преку архитектонските погледи на Кристофер и свесност за стил на жена му.

Очигледно парот е доста инвентивен, како што е неопходно за да се сообрази со тркалезната форма на садот и сè да е подредено токму по неа.

Видете слики на уникатната куќа во галеријата.

Слични содржини