(ГАЛЕРИЈА) Како живее еден шампион: Имотот на Мајкл Фелпс

од Vladimir Zorba

Олимписката легенда Мајкл Фелпс плати $ 2,5 милиони за имот во Аризона, кој го порача на крајот на минатата година.618b13d7b8e997794aee3dd7c1862c51

Американскиот пливач, кој во Рио го зацврсти статусот на кралот на Олимписките игри со уште пет златни медали, го порачал домот непосредно по изградбата да биде завршена.

Домот од близу 560 квадратни метри е со огромен базен и поглед кон планината Кемелбек од двор.

31-годишниот Фелпс и свршеницата Никол Џонсон се преместија кон приватниот имот, кој се наоѓа во луксузниот кварт Парадајз Вали два дена пред нова година.

Во тоа време, двојката го очекуваше својот прв син кој се роди подоцна во мај.

Имотот располага со пет спални и шест и пол бањи, четири камини, отворена станбена површина во задниот дел и хидромасажна када.

Меѓу најзабележителните решенија е европски камен и вградени дрвени подови.

Дворот е рачно изработен со камења, извлечени од античко морско дно и завршен со бујно уредување и овошни дрвја.

Фелпс поседуваат имот во Балтимор, кој веќе е продаден.

“Задниот двор гледа право во планините Кемелбек”, изјави во интервју во јануари шампионот, токму откако ја купи зградата во Аризона.

“Ако излезете во двор ќе видите дека имаме портокали, мандарини, лимони, праски и јаболка – сите овие различни овошни дрвја растат таму”, изјави пливачот.

Фелпс официјално соопшти на светот дека се повлекува во пензија и веќе се радува на првите слободни денови во нов дом.

Како изгледа зградата може да се погледне во нашата галерија.

Слични содржини