(ГАЛЕРИЈА) Калуѓерки чија Света троица е марихуаната, ја одгледуваат и продаваат

од Vladimir Zorba

Сестрите од долината или т.н. калифорниските самопрогласени “калуѓерки на тревата” имаат една мисија – да ги излечат жените со производите од … канабис. Базирани крај градот Мерсед во Централната калифорниската долина, која произведува повеќе од половина од овошје и зеленчукот во САД,

Сестрите на долината одгледуваат и собираат сопствената продукција – канабис. Монахињите сепак нагласуваат дека седумте сестри, иако носат религиозна облека, не припаѓаат на ниту еден ред на Католичката црква.
“Ние сме против религијата, па не сме религија”, објаснува 58-годишната сестра Кејт за Ројтерс.

Сестрите наместо тоа свртуваат поглед кон предхристиянските традиции и практики. Групата тврди дека нивната Света троица е марихуаната, и поконкретно сорта која има многу ниски нивоа на тетрахидроканабинол (THC), психоактивни супстанции, кое го има растението.
Монахињите го претвораат канабисот во балсами и мелеми, за кои тврдат дека имаат моќ да го подобрат здравјето на луѓето.
Тие со своите активности тврдат дека сакаат да ги “ослободат” жените, а не сакаат да ги прават зависни.

Слични содржини