(ГАЛЕРИЈА) Куќа од контејнери и уште некои забележителни домови во Австралија

од Vladimir Zorba

Големата куќа не само што импресионира визуелно – таа е магнет за срцето, велејќи ни дека е нешто што би можеле да имаме еден ден.

Австралиската телевизиска програма неодамна ги претстави своите топ 10 проекта на обновени куќи кои се благо речено нестандардни.

Од мал облакодер во Мелбурн до куќа, изработена целосно од контејнери, британскиот дизајнер, писател и телевизиски презентер Кевин МакКлауд и Питер Медисон, кој исто така е австралиски водител објаснуваат зошто ги избрале овие имоти.

“Мислам дека ова е еден храбар пример, бидејќи куќите се наоѓаат во тесна урбана средина каде што има познат притисок”, изјави МакКлауд.

Некои од најхрабрите и оригинални решенија за дизајн, претставени од двајцата, може да ги видите во нашата галерија.

Слични содржини