(ГАЛЕРИЈА) Лавина од снег на патот Маврово-Дебар, сообраќајот целосно во прекин

од desk4

Поради лавина на патот, патниот правец Маврово – Дебар целосно е во прекин, извести АМСМ.

Истовремено, попладнево за патнички возила воведена е забрана за движење на планинскиот премин Ѓавато. На патниот правец Тетово – Попова Шапка воведена е забрана за сообраќај на тешки товарни возила и автобуси. Забрана за тешки товарни возила има и на патните правци Струга – г.п. Ќафасан, крак Маврово – Дебар, крак Стража – село Колари и обратно, како и на планинските премини Пресека, Буково и Ѓавато.

Поради отстранување на одрони во близина на с. Истибања сообраќајот на патниот правец Кочани- Македонска Каменица е во прекин, се користи алтернативен пат Кочани-Виница-Драгобрашта-Бигла-Македонска Каменица.

Патниот правец Крива Паланка – Куманово кај нас.Грамагје, кој беше блокиран во двата правци, е нормализиран.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози. Врнежи од снег има во Тетово, Попова Шапка, Гостивар, Стража, Маврово, Прилеп, Охрид, Струга, Ресен, Крушево, Кичево, М.Брод, Буково, Ѓавато, Плетвар, Пресека и Железнец.

Поради појава на магла видливоста е намалена до 100м на планинскиот премин Стража.

Фото – Фејсбук

Слични содржини