(ГАЛЕРИЈА) Летечкиот гејзер во Невада

од Vladimir Zorba

Тој може да биде именуван како чуден објект, но не и дело на природата или барем не целосно. Го нарекуваат „Летечкиот гејзер во Невада“. Всушност гејзерот е лоциран на мал приватен терен и е создаден поради дупчењето во 1964 година, додека биле евалуирани извори на геотермална енергија и вода за наводнување.

Вода била откриена, но со температура од 200 степени. Тогаш биле затнати отворените извори, но низ годините водата успева да се избори за своот пат. Обликот на гејзерот се должи на акумулација на калиум карбонат.

Иако не е целосно дело на природата, црвените и зелени бои по него се должат на термофилните алги. Од гејзерите еруптираат водени топови, високи до околу 5 метри. Најубавите субјекти се изградени од неколку тераси и се состојат од различни минерали.

И додека во интернетот гејзерите може да се видат слободно, тогаш за туристите е тешко да се стигне до ова чудо, бидејќи летечкиот фејзер лоциран на приватен терен. Повеќе слики може да се видат во галеријата.

Слични содржини