Ако сте решиле да стапите во брак во текот на топлите и долги ноќи, сигурно имате широк спектар на можности.f802e2f0212be36bc75c3c0a0a43907f

Не се ни туѓи церемониите на плажа , но од J. Crew даваат многу подобра и сигурно позабавна опција.

Венчавката на тениско игралиште и базен никогаш не ни се чинела поприфатлива и дефинитивно се издвојува како тренд за пролет-лето 2015.

Дури и да не сте обожаватели на најсмелите решенија, секогаш можете да ги користите за меден месец. Креативните начини на брендот да ги претстави своите нови предлози за сезоната нè тера да се насмевнеме дури и само кога ги гледаме кадрите , а камоли ако присуствуваме или сме главни ликови во настанот.

Хумористично насликаните прошетки околу тениското игралиште и смелите комбинации од бел костим за капење со превез за невести и шорцеви во морски стил за младоженецот се причина да ни се допадне сѐ повеќе.

Разновидноста во колекцијата  донесе нови трендови и во изгледот на деверушите – кратки фустани во телесни нијанси, прецизни перфорации и голи раменици.

За оние кои одлучиле да бидат во тон со палета на бои на сезоната, брендот дава избор и во коралниот спектар.

Класичниот бел фустан на невестата е со поставен хоризонтален акцент на половината и горен дел презрамки, а романтичен прилог е фееричниот превез.

Концептот на J. Crew демонстрира традиционални предлози презентирани на многу храбар и забавен начин.

Можете да се послужите со неговите идеи, ако стапувате во брак, од нашата галерија.a1d9d547e0a046d0dc49f7df99ee1ad5 a984d6bf823bcac7f80f5f15ced751a9 46e3f2cf8850833cb8c9486116eacd70 a9db586ca74a747d48caa1b7e457ef64 efed7ea317902e5d3ce9769c57743ed9 3ecef07ba5e3db4b9abccae1262e429d 21ab83054ec572ee78d3b5a1bf9ae973 5ff7b2e54520da203720d2e377e20b46 95d970969061abf4e3e495fd43ebc046 1e31bf5e8825dbfd1cb24b98c0663fd6 1e31bf5e8825dbfd1cb24b98c0663fd6 f71589cd96c609d248dc1fcb2b3fa6d7 d749cc2d0a2be25ab250cdb334007669 218e9d5ecce9bc5637c9c6abb1584529 9a1f971b78dd8e662d971ecb731102ec

Слични содржини