(ГАЛЕРИЈА) Мадона по жартиери: Секогаш сум се чувствувала потисната

од Vladimir Zorba

Мадона ја краси култната корица на февруарскиот број на магазинот Harper’s Bazaar, со кое изданието ја прослави својата 150-та годишнина.

Суперѕвездата позира во жешка црно-бела фотосесија и се обидува да го прикаже имиџот на една од вечните икони на Холивуд – Марлен Дитрих.

Во интервјуто 58-годишната пејачка изјави дека отсекогаш се чувствувала потисната од фактот дека живее неконвенционален живот.

“Секогаш сум се чувствувала потисната. Знам дека многу луѓе ќе речат: “О, тоа е смешно. Ти си една успешна, бела и богата поп ѕвезда”, но јас сум била критикувана во целата кариера и голем дел од тоа се должи на фактот дека сум жена, која одбива да живее конвенционален живот.”

Мадона додава: “Имам многу нестандардно семејство. Имам љубовници кои се три децении помлади од мене, а тоа е непријатно за луѓето. ”

Ѕвездата го коментира и новоизбраниот претседател на САД Доналд Трамп со зборовите: “Изборната ноќ беше како гледање хорор шоу … Другото утро се разбудив со скршено срце. Бев само скршена. ”

За цензурата, еднаквоста и сексуалното изразување суперѕвездата вели: “Јас верувам во слободата на изразување и не верувам во цензурата. Верувам во еднаквите права за сите луѓе. И верувам дека жените треба да ја поседуваат и да ја покажуваат својата сексуалност. ”

Сесијата е дело на фотографите Luigi & Iango, а Мадона носи облека на Gucci, Alberta Ferretti, La Perla и Stella McCartney.

Видете ги сликите на мегаѕвездата во галеријата.

Слични содржини