(ГАЛЕРИЈА) Марион Котијар како фаталната жена

од Vladimir Zorba

Марион Котијар направи незаборавна фотосесија со влегување во ликот на фаталната жена за Madame Figaro. 41-годишната француска актерка застана пред фотообјеткивот на Доминик Исерман.

Во средината на март во семејството на Марион Котијар и нејзиниот долгогодишен партнер Гијом се појави девојче. Двајцата веќе имаат 5-годишен син Марсел.

За време на бременоста актерката се снимаше со Бред Пит во “Унија”, па дури и започнаа гласини дека двајцата имале романса, но Марион ги демантираше озборувањата.

Актерката гостуваше на фестивалот во Кан со филмот на Арно Деплешен “Духовите на Исмаил”, каде таа заедно со Шарлот Генсбур учествуваше во главниот натпревар.

Видете ја Марион Котијар во галеријата.

Слични содржини