Дали сте сонувале да пливате со ајкули додека сте на одмор ?92b9ebcf3d4538be6fc51daa1c700174

Следниот месец во Белизкиот корален гребен во Карипското Море започнува месецот на кит ајкули . Значи, ако сте авантуристи, можеби треба да побрзате, за да  го резервирате следното патување.

Хотелот Turtle Inn , сопственост на Френсис Копола , е лоциран во крајбрежното село Пласенсија во Белизе.

Тој е еден од најубавите и луксузни комплекси во регионот, нудејќи луксуз и комфор на своите гости.

Друга предност на хотелот е дека тој се наоѓа на неколку метри од тиркизните води на Карипското Море, како и во близина на Белизкиот корален гребен, каде човек може да ужива на воодушевувањето да плива со ајкули.

Туристите со авантуристички дух имаат можност да го истражуваат најдолгиот корален гребен во западната хемисфера и вториот по должина во светот.

Кит-ајкулите на ова место обично се јавуваат за време на циклусот на полна месечина .

Фото: adelto.co.uk

Оваа година соодветни периоди се помеѓу 5-ти март и 4-ти април , и повторно меѓу 3-ти мај и 2-ри јуни . Општо земено Белизе е исклучително популарна дестинација за нуркање , па луѓето со такви интереси не би погрешиле, ако одлучат да одморат токму таму.

А во галеријата подолу, погледнете го неверојатниот хотел.

8a2ba2787e606174ce8009b5b919d428 d6efe70f96fc9ced4d0e1ffe67767865 e211f10dda704d36de6e96864775529e 2e5ea8ed79bf5531c17bb539467e624b 809179c0d16f36e2749b790f8eed1c0b 209c2cf4cb9c89ae83115598bfd0eb48 a901a25f02126c92953b041b90101187 bb92139cadfd7ac62780995991672d10 111e5b6f97a17363178bce4a7a80889d d45a3bc54f854b08255d7f556d3266a4 67ff0319d8734c6c9e55b51e548d342a d112640078f9cff58c23210c69009d78

Слични содржини