Меѓу сите инспирации од цртаните ликови, дефинитивно е тешко да се избере една омилена.f9a445fdba3349c556ce25e9ab7b6250

Ако треба да ги селектираме по критериум како популарност, сигурно Мињоните (од англ. Поданици) ќе го добијат челното место во рангирањето.

Со дебито на самостојниот филм кој до моментов има состојба од 625 милиони долари, веќе со сигурност можеме да тврдиме дека жолтите суштества означија почеток на една вистинска манија.

Ги видовме за првпат во филмот “Јас, одвратниот” и оттогаш наидуваме на нив во облека, чевли, додатоци и што ли уште не.

Најинтересна и уметничка интерпретација сепак, останува онаа наречена “The Minionistas” на Stylight.

Проектот ни дава поглед над тоа како би изгледале познатите имиња во модната индустрија, ако беа мињони.

Секој од нив носи култни белези на својот прототип, па за Кара Делевин тоа се веѓите за Донатела Версаче русите коси, за Марк Џејкобс се тетоважите, за Ана Винтур фризурата, а Карл Лагерфелд … тој е јасен.

Кон познатите мињони се додаваат и двојниците на Жан-Пол Готје, Сузи Менкес, Алекса Чунг и Вивиен Вествуд.

Можете да ги истражите сите модни мињони во нашата галерија.

 

Слични содржини