(ГАЛЕРИЈА) Најевтината куќа изградена до сега

од Vladimir Zorba

Британска двојка си ja изгради најевтината куќа изградени во последно време во Велика Британија. Екодомот на Симон и Џазмин Дејл чини само 27 илјади британски фунти, а инаку има цели три спални.5577fffc887ea84be8e8e82f6fe92fe8

Четирисобната семејна куќа во руралните ридови на Велс, е изградена целосно од Симон од рециклирани предмети и градежни материјали.

Сопружниците се впуштаат во амбициозен потфат да создадат таинствен дом во кој ќе живеат со двете деца, пред околу пет години – во 2012-та.

Двајцата го започнуваат својот проект со почетен буџет од оскудни 500 фунти во банката, па постепено собираат уште и уште.

Потпорните ѕидови на домот се направени не од бетон, туку од наредени вреќи полни со песок, глина и мали камчиња.

За структурата се користат столбови од дрвја, одгледани, отсечени и исечени од самиот Симон, од кои тој има направено греди и се наполнети со слама.

Покривот на куќата е од водоотпорна мембрана, трева и овча волна за изолација, што го прави домот како да излегол од книгата “Хобит”.

Куќата е сместена на јужната парцела од седум декари обработливо земјиште. Во својата фарма семејството одгледува зеленчук, од продажбата на кои се храни.

Видете слики на куќата во галеријата.

Слични содржини