(ГАЛЕРИЈА) Најнезаборавните мигови на Бред Пит и Анџелина Џоли

од Vladimir Zorba

Уште една холивудска двојка стави крај на романтичната љубов. Анџелина Џоли и Бред Пит се разведуваат. Актерката поднела документи за развод, а како мотив за својата желба да се стави крај на нивниот брак посочила “ненадминливи разлики”.4f3cb5e8e1262ff924654b3426996638

Џоли побарала старателство над нивните шест деца (3 биолошки и 3 посвоени) Пакс, Медокс, Захара, Вивиен, Шајло и Нокс.

“Оваа одлука е донесена за доброто на семејството.” – изјави Роберт Офер, адвокат на Џоли.90a1d8e7ba57b488c57644cef97c82cf

Љубовта помеѓу Анџелина и Бред се роди во 2005 година, непосредно по снимањето на “Господин и госпоѓа Смит”. Во 2014 година ја озаконуваат официјално врската. Двајцата поминаа низ бројни искушенија и многу тешкотии со кои успеаја да се справат, а тоа ни даде надеж да веруваме дека во Холивуд вистинската и трајна љубов има шанса да остане таква крај.

Во галеријата ви претставуваме фото-резиме на нивните најсреќни мигови заедно.

Слични содржини