Светот е полн со убави крајбрежни ресторани, а и повеќето од нив се наоѓаат на некои од најегзотичните туристички дестинации.7c4fdc6d1effa2c6869a06f56a7ab641

Се разбира, за еден ресторан импресивна глетка е предност, но пред сè кујната треба да е на ниво.

Ќе ви презентираме 13 такви локали, расфрлани на различни точки во светот.Тие можат да се пофалат како со спектакуларен поглед на море или океан, така и со многу добра кујна.

На фотографијата го гледате ресторанот “La Sponda”, кој се наоѓа во Позитано, Италија . Тој се наоѓа во легендарниот хотел “Le Sirenuse” и нуди незаборавен поглед кон крајбрежјето на Амалфи и Средоземното Море од својата тераса.

Освен тоа локалот се пофали и со својот врвен готвач Матео Темперини кој приготвува модерни интерпретации на класичните неаполската јадења.

Атмосферата на ресторанот е исклучително романтична навечер, кога тој е осветлен само од 400 свеќи.

Погледнете фотографии на други импресивни крајбрежни ресторани во галеријата.

Слични содржини