Сигурно сте слушнале барем за неколку свадби на познати личности, кои одлучија да се ветат на вечна љубов ова лето.93b7de8bd22b8b45f964062c88062ae1

Но, постојат некои особено стилски церемонии кои може и да сте ги заборавиле.

Побаравме во Instagram за докази за нив и ги собравме на едно место, за да послужат не само како гозба за око, но и за инспирација, ако ви претстои сличен настан наскоро.

Можете да видите кои се тие и ќе дознаете зошто е важно да ги видите одблизу.

1. Ана Беатрис Баросо

Бразилскиот модел се омажи за египетско-грчкиот бизнисмен Карим Ел Чиати на Миконос ова лето. Невестата избра фустан на Valentino, а меѓу гостите беа едни од најубавите жени на Victoria’s Secret.

2. Ана Барнет

Понекогаш свадбата, а и фустанот, се толку убави, што дури не можеме да поверуваме. Нестандардното решение на писателката за храна и гастрономот е да го замени класичниот бел фустан со жолт.

3. Елеонора Кариси

Ако има некој кој сигурно би донел правилно решение што да носи на свадбата, тогаш тоа е модниот уредник. Блогерката избра извонреден раскошен фустан, дело на Elie Saab.

4. Ксенија Дели

Ако сметаш дека оваа девојка ти е позната, тоа најверојатно е така. Ксенија Дели учествуваше во видеото на Џастин Бибер за песната “What do you mean”. Моделот на Victoria’s Secret склучи брак во раскошен фустан, дело на Zuhair Murad.

5. Лидија Херст

Моделот е свршен за комичарот Крис Хардуик и веќе ни овозможи да го видиме одблизу свадбениот фустан. Таа е дело на Christian Siriano и дефинитивно изгледа како нешто што само една вистинска принцеза би го облекла.

Уште кадри можете да најдете во нашата галерија.

Слични содржини