Првично пристаништата биле изградени, за да можат луѓето да излегуваат од своите чамци без да се мократ и да газат во водата. Постепено овие објекти станаа пријатни патеки за прошетка и место за забава.347b400030d94c96134592c3346cb804

Некои од првите пристаништа во светот, изградени за прошетка, се наоѓаат во Велика Британија и датираат од почетокот и средината на 19 век. Во тоа време железниците се прошируваат и туристите доаѓаат од сите краеви на земјата, најмногу кон поморските летувалишта.

Некои од постарите пристаништа сега се историски богатства, а други – повеќе напредни – импресионираат со необичната архитектура и уметнички дизајн.

До денес повеќето пристаништа се опремени со продавници, ресторани, објекти за деца и т.н.

Кејот на сликата со убаво спирално шеталиште се вика “Los Muertos” и се наоѓа на пристаништето во Порто Валјарта, Мексико. Тоа е нов кеј, кој беше отворен во 2013 година.

Погледнете некои од најзначајните и убави пристаништа низ целиот свет во галеријата.

Слични содржини