(ГАЛЕРИЈА) Неверојатен мобилен хотел овозможува поглед на Северните светла

од Vladimir Zorba

Во Финска открија мал мобилен хотел, кој е монтиран на санка, за да може да биде влечен до местата каде што најдобро може да се види Северната светлина.

Внатре во кабината, која ја нуди тур-операторот Off the Map Travel, има простор за две лица. Широчината е 2,5 метри, долга е околу 4,6 метри и има висина од 2 метри.

Може да пронајде сè што ви треба, вклучувајќи кревет, мала маса, грејач на гас и надворешен тоалет.

Малата соба има стаклен покрив, така што гостите можат да го видат прекрасниот феномен додека лежат.

За време на престојот, патниците ќе имаат моторни санки и лични санки за да ја истражат областа.

Според Џони Купер, кој е основач на агенцијата, овие кабини нудат сосема уникатно искуство.

Авантурата започнува во 18:00 часот кога водичот ги пренесува гостите со моторни возила во ноќните простории пред да им дадат инструкции. Тогаш гостите остануваат сами да уживаат во величествената осветленост.

Слики од малиот хотел може да се видат во нашата галерија.

Слични содржини