Националниот парк Ласен Вулканик се наоѓа во североисточниот дел на американската сојузна држава Калифорнија  и крие вистинска природна магија – убави обоени дини .02fd50babedfeb1cc33fe1b68dbffb1f

Тие претставуваат разнобојни линии од пепел, формирани благодарение на оксидација на вулканска пепел.

Пепелта се оксидирала во различни бои, при падот на потоците лава, кои сѐ уште биле многу жешки. На овој начин се добил прекрасен природен пејзаж, кој сигурно вреди да биде виден. Дините се наоѓаат во близина на вулкан, чија последно ерупција беше во 1650 година.

Екстатичните туристи можат да го посетат националниот парк Ласен Вулканик и да ги видат обоените дини, а и да се искачат по голема туристичка патека.

Таа завршува доволно високо, за да приложи спектакуларен поглед на прекрасниот вулкански пејсаж, обоен во разни бои.

Во галеријата може да видите повеќе фотографии од регионот на обоените дини во американскиот национален парк Ласен Вулканик.

Слични содржини